Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија нема да прифати притисоци, не сакаат да бидат во „американската кал“

Србија нема да прифати притисоци, не сакаат да бидат во „американската кал“

Србија не е меѓу земјите кои го потпишале документот за мирното повлекување од Авганистан. А тоа прашање, поради актуелниот хаос во таа земја, е важно, пишува српски Новости.

Како што пишува српскиот весник, без оглед на притисоците кои следат од страна на Западот, односно Америка, овој пат околу прашањето на Авганистан и кон бегалците од таа земја која ја заземаа Tалибанците по повлекувањето на меѓународните сили на чело со САД, Србија нема да се согласува на притисоци, а во донесувањето на одлуките ќе се раководи од своите интереси.

Заедничката изјава која ја иницираа САД, од регионот не ја потпиша ни Босна и Херцеговина, а ни Унгарија, а ја отфрлија и Русија и Кина.

Соговорниците на Новости истакнуваат дека Србија е независна, суверена држава, воено неутрална, дека сака тоа да остане и има најдобри можни односи и со Западот и со Истокот, па во согласност со тоа ќе ги мери и своите потези. Наведуваат дека не гледаат зошто сега би ги „наградувале“ САД за ситуацијата во Авганистан.

Сметаат и дека одлуката на Србија да не го потпише документот на Вашингтон нема врско со нивната солидарност со Русија и Кина, а уште помалку со аргументот за зависност од овие држави, туку исклучиво има врска со заштитата на српските интереси и демонстрирање на независноста.

Огнен Карановиќ, од Центарот за социјална стабилност, потсетува дека Србија ниту ги убедувала САД и нивните сојузници од НАТО да интервенираат во Авганистан, ниту на крајот ги терала, како што кажа, на толку срамен начин да ја напуштат таа земја и нејзините граѓани да им ги препуштат на Tалибанците.

foto EPA-EFE STRINGER

Слично

Поврзани вести