Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија нема да ги укине руските канали

Србија нема да ги укине руските канали

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија нема да се приклучи на одлуките на Генералното собрание на ОН што се однесуваат на санкциите против Русија.

- Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денес имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека се соочува со секојдневни притисоци неговата земја да се приклучи кон санкциите наменети за Русија.

- До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат, смета тој.

Вучиќ навести дека нема да има ниту забрана за руските канали Спутник и Раша Тудеј со оцена дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што поинаку зборуваат.“


Слично

Поврзани вести