Србија не сака Тачи да доаѓа во Белград
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ отворено се изјаснил против посетата на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи во Белград.
Тачи, заедно со уште четворица министри за надворешни работи од регионот, е поканет за учество на Форумот за евроинтеграциите на Западен Балкан, кој ќе се одржи од 23 до 25 април во Белград. Организатор на настанот е невладината организација - Младински образовен тим.
„Ако му дозволиме на Тачи да го посети Белград, тоа ќе значи прекршување на српската државна политика по прашањето за Косово“, изјавил Дачиќ за весникот „Политика“.
Според него, со посетата на Србија „Тачи се обидува да дознае дали Белград може да каже“ не на неговата посета.
„Да, на тој начин Хашим Тачи не може да дојде во Србија“, изјавил Ивица Дачиќ.
Според него, форумот на невладината организација било „чиста провокација“ спрема властите во Белград.
