Србија не може да се справи со имигрантите
Србија не може да се справи сама со приливот на имигранти и има потреба од храна, лекови и техничка опрема, изјави српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин.
Тој исто така го повикал премиерот Александар Вучиќ да свика регионална конференција за бегалци, пренесуваат локалните медиуми.
Вулин го изјавил тоа за време на состанокот предводен од него за посебна работна група за борба против зголемениот број имигранти, на која присуствувале министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ и на европската интеграција Јадранка Јоксимовиќ.
Во исто време Вулин изјавил дека секој ден во Србија минуваат околу 300-400 имигранти.
„Ние ги чуваме нашите граници на север и на југ и би било добро и другите земји да го прават тоа“, изјавил тој и додал дека уште од почетокот на оваа година барање за азил поднеле 22 182 лица.
