Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија на Евреите им враќа 3000 згради

Србија на Евреите им враќа 3000 згради

На Евреите во Србија ќе им бидат вратени 3000 згради, кои нацистите ги конфискувале за време на Втората светска војна.

Во Србија стапи на сила закон со кој имотот конфискуван од Евреите ќе им се врати на еврејските организации. Во наредните 25 години ќе бидат потрошени близу милион евра годишно, средства за различни образовни програми и истражување на Холокаустот.

Ова  е прв ваков закон на просторот на Источна Европа. Во пролетта 1942 година убиени се 80% од 33.000 Евреи кои пред војната живееле во Србија. Денес во Србија има помалку од 1000 Евреи.

Ќе се враќаат имоти во Белград, централна Србија и мал дел во Војводина.

Слично

Поврзани вести