Србија може да воведе санкции за Русија, но има услов
Србија би вовела санкции за Русија во замена за членство во Европската Унија(ЕУ).
„Србија може да воведе санкции против Русија ако перспективата за приклучување на земјата кон Европската Унија стане „очигледна“, изјави министерот за европски прашања Немања Старовиќ во интервју за австриската агенција АПА.
Според Старовиќ, Белград сè уште не се приклучил на антируските санкции на ЕУ, бидејќи таквите мерки практично нема да имаат никаков ефект врз Русија, но ќе предизвикаат сериозна штета на српската економија. Како пример, тој ја наведе ситуацијата за време на пандемијата Ковид-19, кога Хрватска доби 22 милијарди евра од Фондот за закрепнување на ЕУ, додека Србија доби само 165 милиони.
foto freepik.com
Слично
