Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија мора да штеди за струја – стопирана продажбата на јаглен за домаќинствата

Србија мора да штеди за струја – стопирана продажбата на јаглен за домаќинствата
Електростопанство Србија (ЕПС) им забрани на рудникот за јаглен Колубара и термоелектраната Костолац да продаваат јаглен за индустријата и граѓаните, под закана за дисциплински мерки и санкции. Директорот на ЕПС Александар Обрадовиќ на 4 септември им испратил писмо на директорите на двете претпријатија во кое од нив бара да ја прекинат испораката на јаглен за големопродажба и малопродажба. „Заради последиците од мајските поплави и за безбедување на залихи од јаглен на депониите во термоелектраните, за да се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството во претстојниот зимски период, на рударскиот басен Колубара и на термоелектраната Костолац им се препорачува да ја прекинат испораката на сите видови јаглен за купувачите од категориите индустрија и широка потрошувачка“, објаснуваат од ЕПС: Домашниот јаглен, кој е најевтин за греење, сега го нема ниту на стовариштата кои ги снабдуваат граѓаните, а нема да го добијат ниту здруженијата на пензионери, инвалиди и синдикатите, кои испораките на овој тип на огрев за своите членови ги договориле преку тендер на 29 јули.
Слично

Поврзани вести