Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА ЛЕЖИ НА МИЛИЈАРДИ, а се ќе соберат странците

СРБИЈА ЛЕЖИ НА МИЛИЈАРДИ, а се ќе соберат странците

Случајно откриено наоѓалиште на српски криптон кај Лозница би можело да и донесе огромно богатство на компанијата „Рио Тинто“.

„Јадаритот ја храни иднината на Рио Тинто во производството на литиумски батерии“ е насловот на текстот на порталот на Австралискиот бизнис преглед за јадаритот кој е наречен и српски криптонит поради составот на идентичниот состав на минерали од филмовите за Супермен.

Британско-австралиската комапнија „Рио Тинто“ во 2007 година го откри наоѓалиштето на јадарит сосема случајно, додека во Србија барале борни минерали. Колку им се сериозни намерите покажува податокот дека досега вложиле повеќе од 60 милиони долари во истражување на наоѓалиштето кое според проценките вреди 10 милијарди долари.

Компанијата верува дека во зоната Јадра се наоѓаат околу 114,6 тони јадарит со околу 1,8 одсто литиум оксид, што би задоволило дури 20 отсто од светските потреби за литиум. Литиумот се продава по цена и до 500 евра по тон и се користи во производство на батерии.

Токму тоа австралискиот портал го наведува како главен адут на „Рио Тинто“ за стекнување на богатство. Тие батерии, имено, помеѓу останатото се користат и во електричните автомобили, со кои се предвидува се помасовно производство.

Слично

Поврзани вести