Србија лежи на богатство кое не го користи
Србија е богата со опал и други минерали, богатство кое оваа земја не го користи, па неговата експлоатација е препуштена на стихијата и ретките ентузијасти.
Според српсиките експерти плавиот опал кој го има во Србија има кавалитет, сличен на популатрниот полу-скапоцен камен од Аустрија.
-Вистинското богатство лежи на длабочина од најмногу два метри и лесно е за експлоатација. Меѓутоа нашите експерти за оваа област преферираат да седат во канцеларија наместо да тргнат низ планина. Ни државата засега не покажа некој посебен интерес за искористување на овој потенцијал, изјавил рударскиот техничар Џоковиќ, кој рекреативно се занимава со истражување на ваков вид богатство.
-Правам накит, вазни и други ситници и од оваа работа живеам. Можат да се изработуваат прекрасни мозаици и склуптури. На запад ова би било прескапо, додава тој
Моќта на овој камен кој најмногу го има на Копаоник, Златибор, Трстеник...не е само во неговата пазарна вредност, за него се вели дека има и лековити својства. Екпертите одамна пишувале дека тој влијае на расплоложението и помага за преовладување на стресот и анемијата..
Освен со полу-скапоцени камења Србија е богата и со други врсти на камења, погодни за уметничка обработка.Склуптура на Сокол изработена од квалитетен црвен камен е подарена на рускиот премиер Владимир Путин, додека друга пак го краси домот на Бил Гејтс.
Слично
