Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија купува шест нови авиони МИГ од Русија

Србија купува шест нови авиони МИГ од Русија

Српската армија ќе купи од Русија шест нови авиони од типот Миг-29 М/М2 и два нови радарски системи, објави весникот „Блиц“.

Деталите од договорот треба да се дефинираат за време на посетата на српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ во Москва за време на месец мај.

Авионите Миг-29 М/М2 беа презентирани пред армијата на Србија во јуни минатата година во Русија. Српското воено воздухопловство ја поздрави одлуката со оглед на тоа дека последната набавка на нови авиони била пред 20 години.

Слично

Поврзани вести