Србија купува нови возови за 99 милиони евра
Утре српската железница треба да склучи договор со швајцарската фирма „Штадлер Буснанг“ за набавка на 21 нови патнички возови. Договорот е тежок 99 милиони евра.
Како што јавува Танјуг, новите возови ќе бидат купени со кредит од Европската банка за обнова и развој, а во рамките на проектот за модернизација на железничката инфраструктура во Србија.
Швајцарските возови треба да се користат главно на линии во домашниот железнички сообраќај.
Слично
