Србија купува 21 патнички возови вредни 99 милиони евра
Железници Србија и швајцарската компанија Штадлер Буснанг, склучија договор за набавка на 21 нови електрични патнички возови.
Договорот вреден 99 милиони евра го потпишаа генералниот директор на Железници Србија Драгољуб Симоновиќ и потпретседателот за маркетинг и продажба на Штадлер, Петер Јенелтен.
На конференцијата за новинарите Симоновиќ најави дека првиот електромоторен воз во Србија ќе се испорача на 29 септември идната година, додека последниот ќе стигне кон крајот на август во 2015 година.
Слично
