Србија ќе крати работни места во администрација
Соседна Србија ќе крати работни места во администрација.
Бројот на вработени во државната администрација во земјата догодина ќе биде намален за околу 5.000 лица. Ова го соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ.
Во изјава за српската државна телевизија РТС, Брнабиќ нагласи дека најголемиот број од отпуштените државни службеници ќе бидат од министерствата за образование и за здравство.
Како што јави Танјуг, Брнабиќ истакна дека во моментов во државната управа, јавните служби, органите на локалната самоуправа и комуналните претпријатија во Србија има вкупно 425.683 вработени, што е за 23.600 помалку отколку во декември 2014 година/
„Тоа претставува намалување за 4,7%“ - вели Брнабиќ.
Таа нагласи дека покрај 425.683-те административци, во српските јавни претпријатија се вработени уште околу 147.000 лица. Тие во текот на 2017 година исто така ќе бидат предмет на посебен процес на рационализација.
