Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ќе ја произведува кинеската вакцина „Синофарм“

Србија ќе ја произведува кинеската вакцина „Синофарм“

Србија потпиша меморандум за производство на кинеската вакцина „Синофарм“. 

Премиерката Ана Брнабиќ денеска ги потврди најавите дека во Србија до крајот на годината ќе се произведува кинеската вакцина „Синофарм“ против коронавирусот. Таа потпиша меморандум за разбирање и соработката со партнерите од Кина и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за производство на вакцината.

„Ова е важен ден за Србија, но и за целиот регион затоа што ќе ја имаме вакцина овде, близу, ќе ни биде подостапна и ќе бидеме поподготвени да се бориме против пандемијата со коронавирусот која борба продолжува и кај нас и во Европа и светот“, порача Брнабиќ, пренесува Н1 ТВ.

Целта е до крајот на годината да биде завршена изградбата на фабриката, а паралелно да се работи и на набавката на потребните материјали и машини за неа. Планирано е до крајот на 2021 оттаму да излезат 10 милиони дози од вакцината. Србија ја произведува и руската вакцина Спутник. 

Слично

Поврзани вести