Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ќе стимулира женско претприемништво

Србија ќе стимулира женско претприемништво
Србија ќе го стимулира развојот на женското претприемништво, затоа што жените во оваа дејност се вклучуваат по 40- та година од животот, што не е добар показател. Зорана Михајловиќ, потпретседателка на Владата на Србија  изјави дека според податоци на Стопанската комора, дури 50% од фирмите кои ги отвараат жени се затвараат во втората година постоење, што е лош податок. „Тоа е критична година на која сакаме да работиме и да им помогнеме на жените да добијат потребни кредитни средства, под поволни услови во моментот кога им е потребно и да продолжат да работат„-вели Михајловиќ. Таа рече дека имаат 20 милиони евра, пари кои ги даваат банките во земјата со меѓународни финансиски институции и ќе ги вложат во жените претприемачи. Михајловиќ вели дека на Србија и е важно женското претприемништво и ќе настојуваат да го искористат потенцијалот на жените.  
Слично

Поврзани вести