Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ќе прави ребаланс на буџетот пред избори

Србија ќе прави ребаланс на буџетот пред избори
Србија планира ребаланс на буџетот пред одржувањето на вонредните парламентарни избори. Ова денеска го најави министерот за финансии, Душан Вујовиќ при завршувањето на посетата на Мисијата на ММФ и објасни дека ребалансот е неопходен поради одржување на вонредни парламентарни избори. Проценките се дека изборите ќе чинат помалку од милјарда динари. Според министерот, јавноста во Србија со месеци бара избори и ги оспорува резултатите од реформите. „Тоа е мала цена за она што Србија го добива со предвремените парламентарни избори,  а тоа е потврда дека реформите се спроведуваат во правилна насока и дека Србија е на добар пат во постигнување на долгогодишна стабилност“-изјави Вујовиќ. Иако се планираат вакви трошоци во услови кога во земјата се спроведуваат мерки за штедење, министерот смета дека не треба да се преувеличува околу сумата која ќе се потроши за избори.
Слично

Поврзани вести