Србија ќе произведува ракети за Емиратите
Србија ќе произведува високософистицирани ракети за Соединетите Арапски Емирати, изјави потпретседателот на Владата на Србија и министер за одбрана, Александар Вучиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, Вучиќ во изјава за државната телевизија РТС, по состанокот со престолонаследникот и шеф на оваа држава шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахани изјави дека е постигната согласност за сите договори меѓу двете земји, а посебно за инвестиции во наменска индустрија.
Според медиумите, на саемот за оружје, емиратската државна компанија ЕАРТХ и српски Југоимпорт ќе потпишат договор за заеднички развој и снабдување на ракетниот систем АЛАС.
Потпретседателот на српската влада со шеикот ќе потпише и договор за заедничка заштита на инвестиции, а според медиумите, основа за сите договори ќе биде договорот за меѓународна соработка кој исто така ќе биде потпишан во Абу Даби.
Слично
