Србија ќе извезе 5.000 трактори во Турција
Претставници на компаниите „Индустрија на машини и трактори“ од Белград и турскиот „ТУМОСАН“, кој е дел од холдингот „Албарјак“, во Истанбул потпишаа Меморандум за разбирање, врз чија основа ќе биде воспоставена нивна деловна соработка.
Како што јави Анадолија, меморандумот ја обврзува ИМТ за турската компанија да произведува комплетни тракторски мотро, вклучувајќи и предни погонски осовини, и дека овие делови во следните три години ќе бидат вградени во 5.000 трактори наменти за пазарот во Турција.
ТУМОСАН и ИМТ, исто така, се договориле да работат на заеднички развој на компоненти за новите серии трактори за двата пазара.
Слично
