Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ќе добие 800 милиони евра кредит од Русија

Србија ќе добие 800 милиони евра кредит од Русија

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов денеска изјави дека Русија ќе и додели на Србија петгодипна кредитна линија за инфраструктурни проекти во висина од 800 милиони долари, со годишна камата од 4,1 проценти.

Силуанов наведе дека кредитот е наменет за изградба на нови железнички линии, ремонт и купување на локомотиви и други инфраструктурни инвестиции. Кредитната линија ќе биде доделена годинава.

Србија побара од Русија кредит од една милијарда долари во 2008 година. Договортот за кредитот беше потпишан во април 2010 година и истата година беше доделена првата транша од 200 милиони долари, наменети за покривање на буџетскиот дефицит на Србија.

Другите 800 милиони долари Русија се согласи да и ги даде на Србија само ако се искористат за инфраструктурни проекти, но Србија задоцни со подготовката на документацијата за проектот.

Слично

Поврзани вести