Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ја „тресат“ масовни хакерски напади

Србија ја „тресат“ масовни хакерски напади

Масовни хакерски напади врз интернет инфраструктурата има во Србија. Многу корисници имаат тешкотии или бавен пристап до системот за регистрација на домени. Се работи  на решавање на проблемот. 

Регистарот на национални интернет домени на Србија (РНИДС) потврди дека дел од давателите на интернет услуги во Србија се под хакерски напади. Имало ДДоС напад на многу точки на интернет инфраструктурата во Србија, вклучително и на делови од мрежата кои се вклучени во работењето на доменот „.RS“, односно „RNIDS“.

„Поради технички проблем со кој се соочуваат одредени даватели на интернет услуги во Србија, отежнат е и пристапот до системот за регистрирање национални домени“, соопшти Регистарот на национални интернет домени на Србија.

Во Србија деновиве имаше дојави за бомби на повеќе локации во Белград. 

Претходно, во регионот хакерски напади имаше во Црна Гора и во Албанија. 

Слично

Поврзани вести