Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ја разгледува опцијата за интервенција на Косово

Србија ја разгледува опцијата за интервенција на Косово

Соседна Србија ја разгледува можноста за воена интервенција на Косово откако Собранието во Приштина го одобри формирањето на војска. 

Србија тврди дека Косово на овој начин ја крши резолуцијата на Обединети нации, со која беше ставен крај на војната во 1999 година и предупреди дека би можела да одговори со воена интервенција.

Ова Белград го нарече „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот“.

НАТО го опиша потегот на Косово како лошо темпиран, а САД го оправда како право на суверена држава.

Сите 107 присутни пратеници гласаа за новиот закон, со кој постојните 4.000 припадници на Косовските безбедносни сили се трансформираат во регуларна, лесно вооружена армија. Пратениците од српското малцинство го бојкотираа гласањето.

Новата војска ќе го задржи постојното име Косовски безбедносни сили, но со нов мандат. За една деценија, армијата планира да има состав од 5.000 припадници и 3.000 резервисти, како и годишен буџет од 98 милиони евра.

Слично

Поврзани вести