Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија ја превзеде контролата над неботo на Хрватска

Србија ја превзеде контролата над неботo на Хрватска

Контролите за летање на Србија и Црна Гора (SMATSA) го превзема денеска воздушниот сообраќај над цела Хрватска и дел од Босна и Херцеговина поради големото невреме.

Директорот на Контролата за летање на Србија и Црна Гора Радоиќ Повчанин рекол дека поради невремето дошло до целосен пад на системот на контролите за летање над Хрватска и 45 одсто од БиХ, кои ги контролира Хрватска, па работата во свои раце ја превземала SMATSA.

„Апсолутно сите авиони во водушниот простор на Хрватска останале во тие два часа без навигација од земјата, па во помош им излегле други провајдери. Ги зголемивме смените, голем број луѓе повторно се вратија на работа. Доста им помогнавме, ова денеска е ден за пофалба“, изјавил Ровчанин.

Тој додал дека хрватски колега го известил во телефонскиот разговор дека оваа земја полека го воспоставува системот но „SMATSA“ и понатаму има „зголемени смени“ и дека е подготвена и понатаму да „држи се под контрола“.

„SMATSA“ ја врши контролата на воздушниот сообраќај над Србија, Црна Гора, дел од Јадранот и 55 одсто од горниот дел од воздушниот простор на БиХ.

Слично

Поврзани вести