Србија ја намалува невработеноста, платите мизерни
Во последните две години невработеноста во Србија се намалува, но платите одат надолу.
Невработеноста падна на 19%, но економистите не можат да потврдат дали Законот за работа придонесе за тоа. Вработувања има повеќе, но прашање е каков е квалитетот на овие вработувања.
Платите покажуваат тренд на намалување, а ако се гледа 2015 година тогаш има мал напредок во обемот на вработувања.
Има многу вработувања на краток рок, кои не гарантираат никакви работнички права.
Експертите велат дека луѓето работат што било независно од платата и условите само за да преживеат. Според нив, станува збор за гола егзистенција.
Бројките покажуваат дека многу српски граѓани се подготвени да работат за сума помала од 20.000 динари што е еднакво на 10.000 македонски денари.
