Србија изобилува со скапи бели тартуфи
Оваа печурка во Србија расте на секој чекор, а странците за неа плаќаат по 8000 евра по килограм.
На дури 2500 локации во Србија се најдени различни видови тартуфи. Поточно се работи за 13 вида, што е половина од тартуфите познати во Европа. Овој бизнис во Србија е во почетна фаза и за него никој и не зборува. Белиот тартуф, храна за богови или аристократи како што ја нарекуваат во светот, е најскапа печурка затоа што расте во дивина и не може вештачки да се одгледува. Растат во рамничарски предели под борови и тополи. Во Србија тартуфи има во Срем, Бор, Панчево, Ваљево, Банат и други места. Побарувачка има за цел свет. Во Америка среден хамбурегер со тартуфи чини 5000 долари.
Слично
