Србија испраќа дополнителни полициски сили на границата кон Македонија
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ го известил српскиот премиер Александар Вучиќ дека кон границата со Македонија испратил дополнителни безбедносни сили како и тоа дека во Копнената зона безбедноста е засилена со присуство на припадниците на Жандармеријата.
Министерот Стефановиќ разговарал и со македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за моменталната состојба во Македонија.
Стефановиќ ја информирал Јанкуловска дека се испратени дополнителни полициски сили на границата со Македонија, потвридле за Танјуг во кабинетот на министерот.
Стефановиќ како што е соопштено со македонската колешка ќе бил во контакт во текот на целиот ден и ќе разговара за понатамошната ситуација.
Слично
