Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија имала за шест месеци 1,72 милијарда евра инвестиции

Србија имала за шест месеци 1,72 милијарда евра инвестиции

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес на официјалното отворање на најмодерниот инженерски центар во фабриката ЗФ во Панчево, изјави дека Србија, заедно со германските партнери, од таму ќе ја создадат иднината на европската автомобилска индустрија. Тој соопшти дека Србија има 1,72 милијарди евра странски инвестиции.

„ЗФ е сериозна компанија која гледа кон иднината, горд сум на фактот дека сме единствената земја во регионот што имала храброст да влезе во концептот на дуално образование. Ние мора да го прошириме на целата земја, мора да побрзаме и да ги забрзаме процесите за да бидеме поуспешни од другите, без оглед на тоа што тие нè критикуваат. Се надеваме дека ќе продолжите да инвестирате во Србија, секогаш ќе бидеме тука како поддршка и помош. Неверојатно е колку сум среќен, Србија има 1,72 милијарди странски директни инвестиции во првите шест месеци, што е за 19 отсто повеќе од минатата година. Верувам дека ќе го продолжиме овој тренд до крајот на годината - изјави претседателот на Србија.


Слично

Поврзани вести