Србија има само девет богати граѓани
Во април во Србија ќе се врши контрола на приходите и имотот со кои располагаат граѓаните на оваа земја. Даночната полиција во текот на минатата година при ваков тип на контрола поднела 1.524 кривични пријави, пишува Новости. Имот вреден од 35 милиони динари до сега во Србија го имаат признаено само деветмина граѓани. Рокот за поднесување на даночните пријави истекува со последниот ден од март. Шанса сами да пријават колку имот поседуваат српските граѓани имаат од 15-ти јануари.
-Вкрстената контрола е само еден од облиците на теренската контрола, не само што се проценуваат граѓаните, се проценува и колкава е вредноста на имотот што го имаат стекнато, а и колку приход во суштина имаат пријавено. Ако немаат доказ за таа разлика, плаќаат данок од 20 одсто, објаснува Иван Симиќ.
Слично
