Србија има намера да ја зголеми воената моќ со помош на Русија
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија нема да се претвора во лесна цел за никого и поради оваа причина ја зголемува својата воена моќ.
„Зголемување на своето производство. Уште оваа година за прв пат почнуваме со сериско производство на системите „Нора“, „Лазар 2 и 3“, кои ќе бидат употребени од нашата армија. Парите не доаѓаат од буџетот, туку од државните претпријатија“, изјавил Вучиќ за време на заедничката прес-конференција со рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.
Премиерот ја критикувал непосветеноста, бидејќи не можат да објаснат нешто што не знаат. „Треба да знаете нешто за да го разберете, а не да читате полуинформации од некои сајтови кои им даваат политички лекции на сите останати“, изјавил Вучиќ.
Тој додал дека Србија е за мир и стабилност во регионот. Белград ги бара најдобрите односи со своите соседи, изјавил Вучиќ и додал: „Србија никогаш нема да нападне, но треба да биде во можност во секој момент да го заштити својот територијален интегритет и граѓаните. На странските закани, на оние кои не престануваат да се закануваат со оружје, молчиме и ништо не правиме“.
Вучиќ и се заблагодари на Русија дека го почитува мислењето на Србија да остане неутрална. Тој изјавил дека се уште нема конечна одлука дали во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни избори, но лично би сакал да ги избегне: „Не сум кажал ништо конечно. Реков само дека сакам да ги избегнам“.
