Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија и Хрватска дневно ќе примаат по 500 мигранти

Србија и Хрватска дневно ќе примаат по 500 мигранти
Србија и Хрватска од денеска ќе примаат најмногу 500 мигранти дневно, пишува Танјуг. Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ за локалните медиуми изјави дека побарал писмена потврда од хрватска страна, за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“. „И тие што побараа азил тоа го направиле за да останат неколку дена за да одморат, пред да продолжат понатаму. Така само купуваат време“-кажа Стефановиќ. Во соседна Србија има околу 2.000 мигранти, од кои само 38 побарале азил во последните неколку дена. Мигрантите не сакаат да останат во балканските земји, туку нивна цел е Западна Европа.
Слично

Поврзани вести