Србија и Грција не поддржуваат регионална осуда на Русија, Македонија се вади на изборите
Романија има предлага на државите од Југоисточна Европа заедничка изјава со која ќе ја осудат анексијата на Крим кон Русија. На изјавата се спротивставиле Србија и Грција, додека Македонија нема изградено став по ова прашање, објави хрватската агенција Хина.
Според агенцијата, во нацрт-документот се наведува дека земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа се загрижени поради развојот на настаните во Украина, анексијата на Крим со прекршување на меѓународното право, ескалацијата на ситуацијата во источна Украина и влијанието што овие настани може да го имаат врз регионалната безбедност и стабилност.
За Србија и Грција веднаш била неприфатлива формулацијата за прекршување на меѓународното право, додека Македонија навела дека нема став затоа што се уште не е формирана новата влада по последните избори во земјата.
Вечерва и во текот на утрешниот ден, на работен состанок на Процесот на соработка во ЈИЕ, Романија ќе се обиде да издејствува усогласување на изјавата, така што таа да е прифатлива за сите страни, наведува Хина.
Официјален Букурешт е особено агрижен од ситуацијата во Украина, бидејќи стравува дека Молдавија и Грузија би можеле да ја доживеат судбината на оваа земја, каде што проруските сепаратисти на истокот се закануваат отцепување и припојување кон Русија според моделот на Крим.
Слично
