Србија и ЕУ не сакаат унгарски ѕид за имигрантите
Српскиот премиер Александар Вучиќ и ЕУ остро ја критикуваа Унгарија поради нејзината одлука да изгради ограда која го запира протокот на бегалци, соопштија агенциите.
Според Вучиќ тоа не е ефикасен начин за ограничување на имигрантите и рече дека е „запрепастен и шокиран“ од одлуката на Будимпешта. „Мислам дека одлуката не е во исправање на огради, особено кога ние немаме вина за тоа. Србија не може да биде обвинувана за проблемот со имигрантите, бидејќи ние сме само транзитна земја“, прецизирал српскиот премиер. „За она што е виновна Србија? За сириската криза ли за конфликтите со „Исламска држава“, за Курдите? Србија е само транзитна земја, имигрантите продираат не во Србија, а низ територијата на ЕУ - во Бугарија и Грција. Што да правиме? Да изградиме и ние ѕид на границата со Бугарија и Македонија ли?“, прашал реторички Александар Вучиќ.
Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ ги повика земјите од ЕУ да и помогнат на Србија да ги заштитат границите со соседните земји, од каде доаѓаат илегални имигранти. Директорот на српскиот центар за помош на бегалците Радован Ѓуриќ коментирал дека изградбата на оградата на унгарската граница нема да го реши проблемот со приливот на имигранти, а може само да го забави. Ѓуриќ додал дека илегалните имигранти ќе почнат да копаат тунели, ќе останат на ничија земја или ќе бараат алтернативни правци за пристап до Унгарија.
Портпаролката на ЕУ Наташа Бертауд коментирала дека земјите членки имаат одговорност да се справат со своите сопствени граници, иако секое нивна акција треба да биде усогласена со европските закони и меѓународните обврски. Според Бертауд еден таков ангажман на ЕУ е да не се враќаат имигранти кои бараат заштита. „Во општ план Еврокомисијата не одобрува употреба на огради. Неодамна ги отстранивме пречките во Европа и сега не треба да ги креваме повторно“, изјавила таа. Од почетокот на годината 185 000 мигранти побарале азил во ЕУ, половина од нив се Сиријци, Косовци и Авганистанци, покажуваат податоците на Евростат.
Во последните 15 години европските земји потрошиле 11,3 милијарди евра за депортација на илегалните имигранти и уште 1,6 милијарди евра за контрола на границите, покажало истражувањето на организацијата „Маигрантс фаилс“. Според истражувањето европските земји „не успеале да ги спречат бегалците да достигнат до Европа“, иако се користеле и сензори за движење, опрема која се користи на грчката, италијанската, бугарската и шпанската граница со воена техника и депортирале секоја година илјадници луѓе. Конфликтите и насилството, беснеат во целиот свет, се зголемил бројот на луѓе принудени да ги напуштат своите домови, до рекордни 60 милиони луѓе, покажуваат податоците на ОН за минатата година Тоа е 8,3 милиони повеќе бегалци и внатрешно раселени лица во светот, отколку во 2013 година. Повеќе од половина од бегалците во светот се деца.
