Србија и должи 200 милиони долари на Русија за гас!
Вкупниот долг на Србија за природниот гас кон Русија изнесува 200 милиони долари, од што Белград сто милиони е подготвен брзо да исплати, соопшти потпретседателката на српската влада Зорана Михајловиќ.
„Ние и претходно разговаравме за долговите и истите ги признаваме. Србија никогаш не рекла дека не ги признава долговите. Должиме 200 милиони доалри, од што сто милиони сме подготвени да ги исплатиме, рекла Михајловиќ за регионалната телевизија N1, одговарајќи на прашањето за гасната проблематика.
Според нејзините зборови Србија и Русија имаат партнерски односи, на кои и ќе го заснова решавањето на прашањата за исплата на долгот. Потпретседателката соопштила дека нема да влегува во детали, па според нејзините информации Европа очекува намалување на испораката на гас од Русија, што исто така ќе ја допирне и Србија.
