Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија и Балканот ја добија првата геј премиерка

Србија и Балканот ја добија првата геј премиерка

Ана Брнабиќ е назначена за нов премиер на Србија, откако Александар Вучиќ ја напушти Владата и беше избран за претседател на државата. Брнабиќ е инаку првата политичкарка која јавно се декларилала дека е геј за што најголемо противење имаше Српската православна црква, но српското собрание сепак, и ја даде довербата да ја води Владата. 

Политичките аналитичари во Србија велат дека фактот што Брнабиќ е геј не е никаква пречка да ја врши функцијата, туку многу поважна е нејзината професионалност и посветеност на работата. 

Брнабиќ доби и целосна поддршка од Александар Вучиќ кој лично ја предложи за негов заменик, а исто така вети дека ќе се подобрат правата на ЛГБТ лицата во Србија каде во минатото имаше огромни проблеми.


Слично

Поврзани вести