Србија и Албанија ќе градат автопат вреден 1 милијарда евра
Во следните 15 дена српскиот и албанскиот премиер Александар Вучиќ и Еди Рама ќе потпишат договор меѓу двете држави за изградба на нов автопат.
Ова го соопштил српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ.
Автопатот ќе поминува низ Ниш-Мердаре-Приштина-Тирана-Драч.
Михајловиќ соопштила дека двајцата премиери преговарале за автопатот за време на дводневната посета на Вучиќ во Албанија. Според неа, „станува збор за исклучително важен проект, бидејќи го поврзува целиот регион“.
„Станува збор за интегритетот на регионот и политичката стабилност, без кои не може да се зборува за економската стабилност. Овој автопат е важен, бидејќи го поврзува целиот регион. За нас е исто така важно, бидејќи на тој начин излегуваме на Море во албанските пристаништа“, истакнала Михајловиќ и појаснила дека во моментов се изработува проект, кој ќе биде претставен во Виена во месец август.
Во текот на 6 месеци српски и албански експерти работеа на проектот. Тие изработиле дури и пасоши за проектот.
„Како транзитна земја ние сме должни да го поврземе целиот регион“, изјавил вицепремиерот и министер за инфраструктура Зорана Михајловиќ за државната телевизија „РТС“.
