Србија, Хрватска и Словенија подготвени да прифатат дополнителни бегалци
Србија ги информирала ЕУ дека е подготвена да прифати дополнителни 3.000 лица во центрите за привремено сместување на бегалци, и покрај веќе преземените обврски за обезбедување на 3.000 места за имигранти.
Хрватска од своја страна може да обезбеди дополнително уште 5.000 места за сместување на бегалците, пренесуваат локалните медиуми.
Словенија потврди дека има можност да прифати уште 2.000 лица.
Лидерите на балканските земји и земјите-членки на ЕУ се договорија минатиот месец во Брисел да обезбедат 50 000 места за луѓето кои бегаат од војната, за да ги избегнат последиците од влошените временски услови и доаѓањето на зимата.
Слично
