Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија губи околу две милијарди евра од сивата економија

Србија губи околу две милијарди евра од сивата економија
Србија поради сивиот и црн пазар останува без четвртина од приходите, односно околу две милијарди евра, а илјада работници без стаж, осигурување и плата, пишува „Вечерње Новости“. Во сивата економија работат најмалку 400.000, а многу е веројатно и 800.000 луѓе, пишува весникот. Се претпоставува дека во сивата и црна економија се создава околу третина од вкупниот српски производ.  Од нелојалниот пазар, експертите сметаат дека до државната каса не стигнуваат околу 25% од вкупните приходи. Грубата пресметка ако се земе в предвид минатогодишниот републички буџет, покажува штета од околу две милијарди евра - доволно за да се покрие минатогодишниот минус.  Толку во Србија би биле поголеми приходите, доколку сите плаќале данок на додадена вредност, данок на доход,  акциза, царина. Точно е дека не постои земја без нелојална конкуренција, но просечната стапка во земјите на Европската унија изнесува околу 19%. „Иако не постојат конкрени податоци, сепак злоупотреба на даночниот систем најзастапена е во секторите трговија, услуги, во градежната индустрија и земјоделството“, изјавил Миладин Ковачевиќ, заменик директор на Републичкиот завод за статистика. Таканаречената „ситна економија“ најтешко се внесува во финанасискиот систем, но државата од нејзе нема голема загуба. Најмногу штета има од сивата економија и голмите и средни компании кои не плаќаат редовно даноци и придонеси. Најновото истражување на УСАИД за сивата економија покажува дека ако бруто домашниот производ се намалува за еден отсто, се очекува зголемување на неформалната економија за 0,7 до 0,8%. Тоа значи дека само минатата година сивата економија во Србија се зголемила за еден отсто, а можеби и за 1,2%.
Слично

Поврзани вести