Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА: Голема измама со лебот„Тонус“ – лажно рекламирале дека лекува канцер

СРБИЈА: Голема измама со лебот„Тонус“ – лажно рекламирале дека лекува канцер

Произведувачите на лебот „Тонус“ ќе бидат казнети поради незаконско истакнување на амбалажата дека нивниот производ помага во лекување на дијабетес и канцер како и дека имаат лиценца од Руска академија на науките, пренесува српски Блиц.

tonus leb

Ова го утврдила Пазарната инспекција после пријавата која ја поднела Татјана Веховец, уредничка на блогот Mooshema.com, шокирана од фактот дека бабата на нејзината другарка престанала да пие препишан лек за зголемен шеќер и почнала да го користи овој леб како замена за лекови.

Сфаќајки дека тоа значи дека постојат луѓе кои слепо веруваат во она што произведувачите го тврдат, решила да провери дали е се така како што пишува, а Пазарната инспекција ги потврдила нејзините сомневања.

-Во текот на контролата не е доставен ниту еден документ кој ги произведува наводите дека производите на „тонус“ се произведени по лиценца на Руската академија на науки. Секторот на пазарна инспекција донел решение за забрана на огласување по пат на амбалажа на производ со таа порака, бидејќи не е вистинска и ќе биде поднесена кривична пријава поради кршење на Законот за огласување-велат од Пазарната инспекцијата додавајќи дека оваа фирма има само договор со фирмата  „Akademprodukt Moskva”.

Во компанијата „Тривит“ велат дека правно гледано имаат договор за лиценца со фирмата „Akademprodukt“ од Русија, но дека креатор на „тонус“ лебот е академик Владимир Антонов. -Тој технологијата за произведување на ја развивал во рамки на Руската академија на науки и тоа е единствен клинички испитан леб. Сметам дека законот кој пропишува дека само лековите лекуваат е донесен под влијание на фармацвтската индустрија која спречува дека се говори за вистински својства на храна-вели директорката на  „Trivit“ Милена Јакшиќ. Освен повикување на Руската академија на науки, на порталот на компанијата „Trivit” „tonus“ до неодамна е опишуван како „лековит“, а речено е и дека „лекува дијабетес“ и го „запира развојот на онколошки заболувања“, додека сега на амбалажата може да се прочита дека „блокира канцерогени материи“ и дека е „користен за лекување на дијабетес“. Нутриционистот Бранка Мирковиќ, како што пренесува блиц, вели дека овој леб не може да лекува и дека би требало да се воведе ред во рекламирање на вакви производи. -И понатаму постојат луѓе кои слепо веруваат кога им кажете дека нешто лекува. Овој леб, ниту било кој друг, не може да лекува. Лековите лекуваат. И затоа потрошувачите се доведени во заблуда. Да е се така како што се рекламира, тој производ би бил доста скап. Дури и да има некои такви својства кои се наведени, се работи за мали количини кои немаат никаков ефект - објаснува докторката Мирковиќ. Таа вели дека е потребно да се провери и составот на лебот и да се утврди дали се содржат сите спомнати состојќи кои се споменуваат на амбалажата.

Извор: (блиц.рс)

Слично

Поврзани вести