Србија го зголеми дозволеното ниво на афлатоксин во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми
Српската Влада одлучи да го промени Правилникот за дозволената количина афлатоксини во млекото од сегашните 0,05 микрограми по килограм, на 0,5, како што беше до пред две години, изјави денеска министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ.
Тој рече дека Владата го добила мислењето од сите надлежни установи, од Министерството за здравство, ВМА и Институтот Батут, дека нема штетни последици по здравјето, јави Танјуг.
“Тие количини не можат негативно да влијаат на здравјето на луѓето, а ќе овозможат извоз на млекото во две третини во светот“, рече Кнежевиќ
Слично
