Србија го стимулира туризмот
За да продолжи туристичката сезона во Србија, владата одлучила да ги субвенционира годишните одмори на пензионерите, невработените и сиромашните објавија локалните медиуми, повикувајќи се на информативниот сајт „Индекс“.
Станува збор за ваучери во вредност од 5000 динари (42 евра). За да се аплицира за нив, работникот-граѓанин треба да добива помалку плата од 60 000 динари (502 евра) месечно.
Најголем е интересот кај пензионерите, кои се околу 70% од тие кои аплицирале од вкупно 6300 граѓани.
На програмата треба да се реализираат 35 000 ноќевања за месеците септември, октомври и ноември кога туристичките објекти во Србија се најслабо посетени.
Слично
