Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија го продава „Танјуг“

Србија го продава „Танјуг“

Српската државна агенција „Танјуг“ е на листата за приватизација, заедно со уште 37 други локални медиуми.

„Танјуг“ е создадена за време на веќе непостоечката југословенска федерација и значи - телеграфска агенција на Југославија. И покрај крвавиот распад на Титовата федерација, Агенцијата продолжува да се нарекува Југословенска.

Танјуг е создадена од ЦК на југословенска Комунистичката партија во ноември 1943 година по моделот на советската ТАСС. Нејзин основач е десната рака на Јосип Броз Тито, Моша Пијаде.

Вредноста на Танјуг се проценува на 760 936 евра и се продава 100 проценти. Право за учество во тендерот имаат домашни и странски лица кои треба да поднесат документи до 30 јули во Агенцијата за приватизација во Белград.

Слично

Поврзани вести