Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија го пречекува Путин – ќе има ли македонски претставници на парадата?

Србија го пречекува Путин – ќе има ли македонски претставници на парадата?
Во Србија во полн ек се подготовките за воената парада на 16 октомври, со која треба да се одбележи 70-годишнината од ослободувањето на Белград. Главен гостин се очекува да биде рускиот претседател Владимир Путин, кој го потврди своето присуство. Според српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, на парадата, освен Путин, ќе присуствуваат сите оние кои заедно со српските борци учествувале во ослободувањето на Белград. „Сите знамиња под кои се ослободуваше Градот Белград и во Првата и во Втората светска војна ќе бидат присутни. Ќе ги повикаме сите наши пријатели, кои заедно со нашите борци, со војската на тогашна Србија и Југославија, го ослободуваа Белград“, рече Гашиќ, на прашањето дали ќе бидат повикани претставници од останатите поранешни ју-републики, меѓу кои е и Македонија. Белград немал толку голема воена парада од 1985 година, а српската војска нестрпливо очекувала да покаже што е постигнато со модернизацијата и реорганизацијата и со прифаќањето на новите стандарди од 2006 година, вели српскиот министер.  
Слично

Поврзани вести