Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп

Србија го набавува лекот кој го спаси екс претседателот на САД, Доналд Трамп од Ковид-19. 

Тој ќе стигне во Србија до мај и од него се очекува да спаси животи на најризичните пациенти, пишуваат белградските медиуми. Се работи за лекот што го произведува компанијата „Ели лили“ под името бамланивимаб. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порано потврди дека американскиот медикамент против коронавирус во Србија треба да стигне во април или мај, и дека земјата за околу 2.000 дози ќе потроши дури 40 милиони динари. Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени. Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.

Слично

Поврзани вести