Србија ги затвори вратите за мигрантите?!
Српската граница од утрово веќе не ги прифаќа мигрантите што доаѓаат од Македонија. Порталот НОВА ја објави информацијата, а одлуката била заради тоа што во прифатниот центар во близина на Прешево немало веќе место.
Од македонското министерство за внатрешни работи за Слободна Европа велат дека нема официјална потврда од српска страна за затварање на пограничниот премин Табановце за мигрантите, и дека до сега никој не е вратен во земјава.
Инаку дел од српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.
Слично
