Србија ги замрзна цените на основните намирници
На два месеци се замрзнати цените на основните прехрамбени продукти во Србија.
Со одлуката на владата ограничени се цените на шеќерот кристал, брашно тип-400, сончогледовото масло, свинското месо и млекото со 2.8 насто млечни масти. Цените не треба да бидат повисоки отколку што биле на 15-ти ноември. Ограничувањето на цените е утврдено за да се отстранат штетните последици и да се спречи нарушување на пазарот.
Предвидено е производителите на овие производи да не смеат да испорачуваат количини, помали од просечните во последните 12 месеци, а за кршење на овие одредби, предвидени се парични казни од 100 илјади, до два милиони српски динари. Мерката е неопходна со цел заштита на животниот стандард на граѓаните. Повеќе земји во светот ги ограничија цените на намирниците.
Слично
