Србија ги враќа дома економските дипломати поради слаби резултати
Српската Влада ги врати дома еконосмките дипломати кои ги имаше земјата низ светот, бидејќи покажале слаби резултати. Како што пренесува српската државна телевизија РТС, со ова ќе се заштедат 290.000 во Буџетот.
Три години по испраќањето на економските дипломати, српската Влада донесе одлука за повлекување на речиси секој четврти дипломат. На нивно место, за привлекување странски инвестиции ќе биде задолжена Стопанската комора на Србија, со којашто Министерството за внатрешна и надворешна трговија треба да потпише договор за соработка.
„Засега ќе се вратат седум економски советници од бившите југословенски земји - од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и од Македонија, како и економските советници од Унгарија и од Украина“, изјави Стеван Никчевиќ од Министерството за надворешна и внатрешна трговија.
Владата ќе ги ангажира претставништвата на Стопанската комора на Србија за привлекување инвестиции. Комората веќе има свои делегати во десет европски градови.
Слично
