Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија: Германија не притиска да го признаеме Косово

Србија: Германија не притиска да го признаеме Косово

Во моментов се прави обид Србија да ја признае директно или индиректно независноста на Косово.

Тоа, го изјавил шефот на канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ. Според него на овој начин се отежнува процесот на европската интеграција на Србија.

Предлогот е направен од Германија, но тоа е поддрано од Велика Британија и Хрватска, прецизира Ѓуриќ.

Според него премиерот Александар Вучиќ правел сериозна анализа на ситуацијата, преговарачкиот процес и иднината на самата влада.

„Имам чувство дека голем дел од ЕУ не разбира што се случува, какви се димензиите на проблемот со кој се соочуваме“, изјавил Ѓуриќ за „РТС“.

Според белградското списание „Блиц“ Вучиќ „реагирал многу остро пред Федерика Могерини за време на разговорите во Брисел со претставниците од Косово, во кои учествуваат министерот за надворешни работи Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа“.

Слично

Поврзани вести