Србија „фрли око“ на македонскиот имот во Атина
Србија сака да ја купи зградата на поранешниот југословенски конзулат во Атина, која со сукцесија и припадна на Македонија, објавува Телеграф.
Информацијата ја потврдиле од македонското МНР, од каде велат дека Белград нуди во замена за овој објект да и отстапи или да и купи друг имот на македонската дипломатија.
Пред сукцесијата, Србија го користеше овој објект, но со поделбата тој и припадна на Македонија. Станува збор за куќа со површина од околу 200 метри квадратни, во непосредна близина со сегашната српска амбасада, со која делат заеднички двор од 3.000 квадратни метри.
Понудата, која во Скопје ја претставил советник од српското МНР, се разгледува, но од македонското Министерство уверуваат дека при евентуален договор максимално ќе се вреднува што може со трампата да добие нашата држава.
Инаку зградата на југословенскиот конзулат во Атина се сметаше за еден од највредните објекти што Македонија го доби со сукцесијата од СФРЈ.
Слично
