Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија емитуваше еврообврзница за милијарда долари

Србија емитуваше еврообврзница за милијарда долари
Српското министерство за финансии ја објави петтата емисија на обврзници на меѓународниот финансиски пазар во вредност од една милијарда американски долари, со купон од 5,875 отсто и рок на достасување од пет години. Приносот кој што бил остварен од износот на таа аукција изнесува 6,125 отсто, а еврообврзницата Србија 2018. привлекла внимание на повеќе од 140 глобални инвеститори. Побарувачката е пет пати поголема од иницијално планираниот износ на емисијата која државата ја понуди продажбата, а повеќе од два пати е над реализираниот износ на емисијата. Најмногу инвеститори имало од САД, Велика Британија, Данска и други европски земји. Оваа продажба на еврообврзницата е објавена во рамки на планираните активности на Владата на Србија за обезбедување на средства од кои се финансира државниот буџет за оваа и следната година.
Слично

Поврзани вести