Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија е завеана, блокиран е и пристапот до аеродромот Никола Тесла

Србија е завеана, блокиран е и пристапот до аеродромот Никола Тесла

И Србија е под снег. Кај северниот сосед поради снегот има проблеми во сообраќајот и со струјата. 

Блокиран е и пристапот до аеродромот Никола Тесла, јави дописникот на МИА од Белград. Возот кој од Пожега тргна кон Белград во 7.17 часот, со над 50 патници повеќе од два часа е заглавен поради снег и виулици на пругата. Поголеми врнежи од снег се забележани на патните правци од Нови Пазар кон Тутин и на магистралниот пат Нови Пазар-Сјеница. Температурите се околу нулата, а поради обилните снежни врнежи сообраќајот се одвива отежнато. Без струја останаа скоро 3.000 потрошувачи на Златибор, а проблеми со електричната енергија има и во Моравичкиот округ и Студеница. 

Регистрирани се голем број дефекти на електродистрибутивната мрежа, особено во планинските предели на западна и централна Србија. Сите државни патишта од прв и втор ред во Србија, приодите кон граничните премини како и планинските центри, во моментов се проодни.  На терен низ цела Србија се наоѓаат 1.800 машини за снег и над 800 камиони.

Деновиве и Словенија беше завеана. И во Македонија имаше проблеми на патиштата и прекини во напојувањето со електрична енергија. 

Слично

Поврзани вести