Србија е поскапа од Берлин
Првото намаление на цените на гардеробата во Србија овој период потфрли во продавниците со познати марки, додека фармери во германски аутлет се три пати поевтини, пишува Новости. Иако се ближи крајот на сезонските намалувања, во многу продавници рафтовите се сеуште полни. Потрошувачите ни оваа година не видоа голема разлика меѓу распродажбата и реалната цена. Додека во српските бутици намалението најчесто е до 30 одсто, во Европа гардеробата сега се нуди по цена пониска барем за 70 одсто. Во Србија и општо на Балканот тешко може да се пронајде вистинска распродажба по примерот како во Европа, каде маица може да се купи од 5 до најмногу 15 евра, фармерки и сукни за 10 до 20, а сако и фустани до 30 евра. Последните денови од распродажбата во Европа ги снижуваат цените за три четири евра од артикал.
Кога ќе се споредат цените од атулетот разликата е уште поголема, посебно кога станува збор за квалитетна гардероба. Во Србија брендираната облека е пет пати поскапа за разлика во земјите од Западна Европа.
-Фармерки од позната светска марка околу нова година чинеа околу 19.000 динари, изјавила за Новости Ивана, млада белграѓанка. Таа додава дека сега истите фармерки со попуст чинат 16. 000 динари што е многу мала разлика.
Трговците цените не ги спуштаат ни кога робата не можат да ја продадат. Ја чекаат следната сезона па повторно ја нудат на пазарот.
-Конкуренцијата е слаба кај нас, па продавниците можат да манипулираат со продажбата и лажната распродажба, изјавил граѓанин на Белгард.
-Да постојат големи ланци на продавници тие би ги снижувале цените, купувачите би оделе кај нив и тогаш трговците ќе бидат принудени да ги пратат, изјавила револтирана граѓанка за Новости.
Сепак покрај граѓаните се жалат и трговците кои велат дека прометот е многу слаб и тие се принудени да ја продаваат својата стока поевтино и од цената за која е купена, се со цел да се ослободат од залихите.
Слично
